Регион

Модна ревија „Убави сме, свои сме“ по повод Светкиот ден на лицата со посебни потреби

Сопругата на премиерот на РМ, Зорица Заева, градоначалниците на Струмица и Валандово, Коста Јаневски и Перо Костадинов, пратеници, советници, естрадни ѕвезди и медиусмки личности и активисти ги фатија за рака децата со посебни потреби од Струмица и заедно продефилираа на модната писта како дел од ревијата „Убави сме, свои сме“.

Од Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“, велат дека се презадоволни од настанот  кој наишол на голем интерес кај струмичани.

-Нашата цел беше да оствариме нечиј сон, да покажеме дека сите сме исти под ова небо и дека децата со посебни потреби можат и умеат со нашата поддршка. Им благодарам на сите кои помогнаа. Првичните импресии се многу позитивни и веќе бараат оваа ревија да стане традиционална, рече Анче Туфекчиева од здружението „Вера“.

Меѓу учесниците на ревијата беше и естраднбата пејачка Ленче Кукич, која истакна дека на овие деца треба да се мисли преку цела година.

-Мојот апел е дека сите ние треба да мислиме на овие деца преку целата година, а не само денес на 3 декември за секојдневно да ја имаа оваа среќа на нивните лица. Упатувам апел до сите во општеството да бидат блиски и да им помагаат на лицата на кои најмногу им треба.

Во ревијата се вклучи и естрадниот уметник Благица Калева.

-Јас му помогнав на Дејан Атанасов од Мокрино. Сакам се повеќе и повеќе д аим помагаме на овие лица, да им даваме поддршка на децата и да бидеме се похумани, рече Калева.

Ревијата заврши со музичкиот избор на диџеј Jас сум Цако – I am Cako.

Учесниците на ревијата беа облечени во модели на струмичките бутици. Парите собрани од влезницата што чинеше 50 денари ќе бидат наменети за поддршка на Здружението за лица со Даунов синдром „Вера“.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Туристичката понуда на општина Струмица збогатена со пристап и до третиот водопад во Габрово

Димковски: Зголемен бројот на жени–млади фармери

Нема нови заболени пациенти со коронавирус, објави министерот Филипче

Ване Трајков