Спорт

Струмица повторно поразена – Шкупи со пресврт до победа во салата Парк

Победата против Пелистер во Битола само на кратко ги врати надежите на лубителите на кошарката во Струмица дека ,,нештата’’ во струмичкиот кошаркарски прволигаш ќе тргнат на подобро.  Кошаркарите на Струмица денеска го претрпеа и седмиот првенствен пораз и тоа на свој терен од новајлијата Шкупи од Скопје кој славеше со 69:65.

Струмица имаше игра и контрола на резултатот само во првото полувреме кога имаше и предност од 11 поени. Но  во второто полувреме како да загубија ,,здив,, па Шкупи успеа да се извлече, да ја анулира негативата  и да ја однесе победата од салата Парк

Миојеке со 27 поени и 17 скокови беше најзаслужен за големиот триумф на Шкупи, додека најдобар стрелец на Струмица при денешниот пораз беше Тајнс со 16 поени. Ова е прв пораз за стратегот Васко Атанасов откако на клупата на струмичкиот прволигаш дебитираше со победа во Битола. Следното коло Струмица му гостува на Блокотехна во Гевгелија

Препорачуваме:

Радовишанецот Ашкилов обезбеди пласман на ЕП во тај бокс – Ќе донесам медал за Македонија

Ване Трајков

По првиот бараж, Академија Пандев и Хоризонт Турново блиску до Втора лига

Ване Трајков

Одбојкарките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

Ѓ. K.