Регион

Отворена изложбата „Артерии“ на ликовната група „Пресек“ од Струмица

Синоќа во изложбениот салон на Завод и музеј Струмица беше отворена изложбата „Артерии“ на ликовната група „Пресек“ од Струмица.

На оваа, втора изложба на групата што ја сочинуваат четворица ликовни уметници од Струмица, Љупка Галазка-Василев, Марјан Ѕин, Никола Пијанманов и Ване Костуранов беа изложени дела кои авторите ги создале во годинава.

-Со оваа групна изложба, авторите како да го воспоставуваат уште еднаш тој голем крвоток и ја доведуваат оксидираната крв повторно на вистинско место, во средиштето на градот, во центарот на нашето културно живеење, во тежиштето на нашата свест и внимание. Секој од нив, претставува една артерија, еден особен полнокрвен глас, кој како ехограф го дијагностицира проблемот на денешната мачна стварност, рече Трајче Бјадов, промоторот на изложбата.

Препорачуваме:

Сообраќајка кај Шапкар – Добрашинци , повредени жена и шестгодишно девојче

Николовски во Валандово најави анализа за места каде да се градат откупни центри

Ване Трајков

Во судар на голф и трактор загина младо момче кај Сушица-струмичко