Спорт

Утре одбојкарски возбудувања – Струмица игра со Вардар, Виктори против Куманово, Наковски домаќин на Јанта

Богата одбојкарска понуда утре на спортските терени во Струмица. Сите одбојкарски прволигаши во машка и женска конкуренција од најодбојкарскиот град во земјава играат пред своја публика. Одбојкарскиот ден го отвараат актуелните шампиони – одбојкарите на Струмица кои со почеток во 13 часот го пречекуваат тимот на Вардар од Скопје. Станува збор за дуел во кој двата тима немаат претрпено пораз . Дербито од 6 коло од првата машка одбојкарска лига во салата Партизан ќе го судаат струмичката судиска двојка Симон Џинес и Јане Попов. 

Кај девојките први настапуваат одбојкарките на Македонија Макс кои оваа сезона се подмладени и играат речиси со пионерки. Тие во салата при ООУ Видое Подгорец со почеток во 14 часот играат со Пелистер од Битола и можност да ги освојат првите поени

Одбојкарките на Виктори Волеј со почеток во 16 часот во салата Партизан ќе бидат домакинки на Куманово. Ова ќе биде доста интересен натпревар бидејки и двата тима имаат по 4 победи и по два пораза.  Струмичанки ја имаат предноста од домашен терен и за нив ова ќе биде посериозен тест пред својата публика бидејки и кумановки атакуваат на висок пласаман оваа сезона

Слична ќе биде ситуацијата и во салата при СОУ ,,Димитар Влахов,, каде одбојкарките на Хари Наковски  го пречекуваат тимот на Јанта од Скопје.  Резултатски и двата тима имаат по 4 победи и два пораза но бодовно предноста е кај Јанта која има 12 наспроти Наковски волеј кој има 10 бода. Ова значи дека и овде ќе има возбудлив натпревар каде ќе одлучуваат нијанси и мотивацијата  

Препорачуваме:

ФФМ треба да ја казни Шкендија а мечот службено да го добие А. Пандев, оти правилата се јасни- младинец мора да игра, тврдаат фудбалските работници

Кога Англија губи во фудбал, расте семејното насилство

Пандевци ги освоија сребрата во кадетскиот и младинскиот КУП

Ване Трајков