Регион

„НОВУС“ ќе ги промовира податоците од проектот за прибирање и обработка на информации од јавен карактер

Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица го реализираше проектот „Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од Југоисточниот плански регион, преку кои  ќе се креираат истражувачки медиумски содржини со цел  зголемување на информираноста на граѓаните“.

Целта на проектот е анализа, oбработка, прибирање и ефективна примена на информациите од јавен карактер поврзани со економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина како основа за отчетност и транспарентност на институциите во насока на подобрување и остварување на правата на граѓаните, креирање истражувачки стории и зголемување на степеност на информирање на јавноста.

Во изминативе шест месеци проектниот тим на „НОВУС“ работеше на прибирање на податоци од јавен карактер, а завршниот настан ќе се одржи на 30 ноември (четврток) во 12 часот во Домот на АРМ.

На завршната конференција ќе се промовираат резултатите од спроведените истражувања и анализи, а ќе се поттикне и здружено делување на НВО организациите и медиумите од Југоисточниот регион во насока на заеднички пристап кон мобилизирање на што поголем број на граѓани да се поттикнат да бидат коректив на властите и активно да влијаат врз работата на локалните и државните институции на отчетноста и јавните информации.

Инаку, проектот се реализира преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Препорачуваме:

Скринигот на учениците се одлага за идната недела

Домот на културата- Гевгелија ја проширува својата дејност со Секција за традиционални ора и традиционално пеење

Сузана Мицева

Започнаа подготовки за асфалтирање на улица во Петралинци

Ѓ. K.