Регион

УЈП викендов затвори два угостителски објекта во Гевгелија

Во текот на изминатиот викенд Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, извршија контроли во вкупно 33 угостителски објекти, од кои 15 на подрачјето на СВР Скопје, три на подрачјето на СВР Тетово, осум на подрачјето на СВР Струмица (во Гевгелија) и седум на подрачјето на СВР Велес (во Кавадарци).

Во рамки на извршените контроли на подрачјето на СВР Струмица, односно во градот Гевгелија, на еден угостителски објект му е издадено решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 15 дена, а на друг угостителски објект му е издадено решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена.

 

Препорачуваме:

Општина Струмица: Се чисти снегот во градот и населените места

Во Југоистокот 51 активни случаи на КОВИД – 19

Сузана Мицева

Потребно е чистење на Дојранското Езеро од неексплодирани убојни средства