Спорт

ПАНДЕВЦИ ВО НЕДЕЛА НА МЛАДОСТ ПРОТИВ ШАМПИОНОТ ВАРДАР, ОЧЕКУВААТ ПОЛН СТАДИОН И СИЛНА ПОДРШКА

Фудбалерите на Академија Пандев во недела на стадионот Младост ќе се сретнат со актуелниот шампион Вардар од Скопје . Станува збор за заостанатиот натпревар од осмото коло меѓу ,, пандевци,, и црвено црните од Скопје кои оваа сезона играат и во Лигата на Европа. Дуелот меѓу шампионот и изненадувањето Академија Пандев е закажан во 13 часот.

Така одлучи Фудбалската федерација на Македонија иако в недела двете екипи требаше да се сретнат во Скопје во дербито на 17. коло но тој меч е презакажан за 10 декември. Ова значи дека струмичкиот прволигаш и скопски Вардар за околу две недели ќе одиграт два натпревари

Сепак фокусот на ,,пандевци,, е насочено кон неделниот меч кој треба да покаже дали и колку може Академијата на Горан Пандев да се носи со ,,големи и искусни,, клубови во случајот со македонскиот шампион. Секако Академија Пандев докажа дека како ,,новајлија,, има свои адути и високи амбиции за што кажува досегашниот пласман. Во недела впрочем се среќаваат второ и третопласираниот најдобар тим досега.

Победа на Академијата Пандев против Вардар во недела во 13 часот на Младост ќе значи огромна сатисфкација за струмичкиот клуб оти секогаш имало престиж мегу струмичките тимови со скопски Вардар кој секогаш кога гостува има подршка од комитите

Пандевци очекуваат во недела полн стадион и подршка од трибините за нова домашна победа и пробив на втората позиција пред крајот на есенскиот дел од првенство.

Препорачуваме:

Бојан Круљ е нов тренер на АП Брера

Ѓ. K.

Кожув во полуфинале од БИБЛ лигата, следен противник Морнар од Црна Гора

Ване Трајков

Шампионски стартуваше ОК Џио Струмица – Силната тетовска екипа не беше доволна да ги запре шампионите, напиша Михаилов