Регион

Изложба „Можеме и умееме и не сме поразлични од Вас“ на лицата со хендикеп од Струмица

Уметнички слики, ракотворби изработени од текстил и дрво и други креативни експонати изложија денеска лицата со хендикеп од Струмица на изложбата „Можеме и умееме и не сме поразлични од Вас“ што се одржа во изложбениот салон на Центарот з акултура „Антон панов“ во Струмица.

Настанот го организираа здруженијата на лица со посебни потреби под иницијатива на Роза Мојсовска од Заводот за рехабилитација Бања банско во соработка со Дневниот центар Свети Кирил и Методиј од Скопје.

Ваквите настани се важни за свртувањето на вниманието кон лицата со хендикеп и со посебни потреби.

-Сметам дека еднаш месечно треба да се организираат вакви настани за јавноста да се запознае со лицата со посебни потреби и да ги прифати како еднакви на себе. Јас како родител на дете со Даунов синдром морам да кажам дека важно е да се запознаат граѓаните со нив, дека иако навидум се различни, тие се исти со исти чувства и мисли. Преку продажбат ана ракотворби пак, се стимулира нивниот развој и креативност, рече Анче Туфекчиева од Здружението на лица со Даунов синдром „Вера“.

Денешниот настан го поддржаа поголем број јавни личности, како и сопругата на претседателот на Владата, Зорица Заева

Препорачуваме:

Средношколците од Конче се дома две недели оти за превозниците не било исплатливо да возат

Сузана Мицева

СВР Струмица со апел да не се палат огнови

Струмичанец избегал од затвор, извршил четири кражби, пронајдена му е и марихуана

Ѓ. K.