Спорт

ЖФК Тиверија на стадионот Младост, покрај своето ќе користи и лого на ФК Беласица – двата клуба со договор за развој на женскиот фудбал

ВИС СПОРТ – Вистина ли е дека ФК Беласица и ЖФК Тиверија се фузираат ?

УО ЖФК Тиверија – Станува збор за официјален договор помеѓу ЖФК Тиверија Струмица и ФК Беласица кој е планиран да се потпише за празникот на градот 11-ти Декември,  договор кој е во правец на развојот на младинскиот фудбал со особен акцент на развој на женскиот фудбал во Општина Струмица.

Факт е дека ФК Беласица во последните 2-3 години под раководство на спортскиот работник Славчо Васков-Пинда го враќа некогашниот сјај како клуб-синоним за спортот во нашиот град со феноменални услови за работа и капацитети на кои може да позавидат многу екипи од регионот и пошироко. Клуб кој има свои објекти како теретана, фан клуб, ресторан, пицерија, клубски простории, соблекувални по сите ФИФА и УЕФА стандарди, и секако реновираниот стадион „Младост“ кој прерасна во прекрасен стадион на кој се играат меѓународни натпревари на нашата А репрезентација како и кавалификациски натпревари во лига европа и лига на европските шампиони.

ФК Беласица и ЖФК Тиверија Струмица ќе продолжат да делуваат како два посебни субјекти со тоа што ЖФК Тиверија Струмица ќе ги добие сите услови кои ги нуди фудбалскиот клуб Беласица и стадионот „Младост“.

Секако ЖФК Тиверија Струмица ќе има и свои обврски со тоа што ќе го користи и логото на ФК Беласица на сите опреми за тренинзи и натпревари, ќе го промовира и афирмира ФК Беласица, а како втор дрес на ЖФК Тиверија Струмица ќе биде и плаво-белата комбинација на ФК Беласица.

Во делот кај тренерите капацитетите на двата клуба ќе ги здружат силите во правец на создавање на посилна пионерско-младинска школа во двата клуба, и помош во делот на првиот тим на ЖФК Тиверија Струмица.

На големиот празник Св 15 Тивериополски свештеномаченици (Празник на градот Струмица) официјално ќе се потпише договорот помеѓу двата клуба, договор кој ќе биде достапен на јавноста со кој сметаме дека правиме вистински чекор напред за момчињата и девојките од ФК Беласица и ЖФК Тиверија Струмица

ВИС СПОРТ – По овој договор што ќе го склучите, ЖФК Тиверија  под кое име ќе настапува?

УО ЖФК Тиверија – Во разговор помеѓу управите од двата клуба, пред да се постигне договорот, дојдовме до заеднички заклучок дека нема потреба да се менува името на ЖФК Тиверија Струмица, бидејќи клубот веќе 6 години се гради полека но сигурно и сметавме дека како што ФК Беласица е бренд во Македонскиот фудбал така и ЖФК Тиверија Струмица е препознатливо име во женскиот фудбал и по некоја година е на добар пат да го заслужи и тој епитет-бренд во женскиот фудбал.

Значи останува името ЖФК Тиверија Струмица со тоа што покрај логото на женскиот клуб ќе го користиме и логото на ФК Беласица.

Договорот не дојде преку ноќ, фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица секојдневно ги користат капацитетите на стадионот Младост и ФК Беласица како теретана, соблекувални, ресторан, пицерија, простории, стадион др.  ФК Беласица и газдата на клубот Славчо Васков – Пинда го помагаа клубот и  во минатите 3години, така да опремата која ја добивме пред некој ден е само мал дел од помошта која ФК Беласица ја даваше на нашите фудбалерки минатиот период.

ВИС СПОРТ – Кои се идните планови на ЖФК Тиверија за оваа сезона, ќе има ли титула?

УО ЖФК Тиверија –      ЖФК Тиверија Струмица гради клуб на долги патеки. Клубот има 114 регистрирани фудбалерки, најмногу во Македонија.  Во младинска конкуренција секоја година сме на првите две места, клубот одигра 27 меѓународни натпревари минатите 3-4 години што сметаме дека е успех за еден женски фудбалски клуб. Постојано сме присутни на силни меѓународни турнири во соседството. Исто така оваа 2017-та година организиравме два силни турнири на кои бевме домаќини на екипи како Црвена Звезда, Машинац, Спортика, Брезница, Кардитса и др.

Минатата година се пласиравме на 3-то место во домашното првенство и бевме финалисти во купот. Напредуваме полека но сигурно без оптеретување да станеме шампиони „по секоја цена“.
Планираме учество на неколку силни турнири во соседството, а ќе го организираме и нашиот турнир „Куп на Карневалот“. Исто така на полусезоната ќе формираме и наша пионерско-кадетска лига во која ќе учествуваат 12 екипи само од нашиот клуб. Секако тука е и нашиот проект Да, и девојките играат фудбал кој ќе се реализира и во 2018 година низ кој анимираме преку 500 девојки од  7-13 годишна возраст.

И на крај може да кажеме дека сме горди на фактот што зад нас застанува едно име како Беласица, синоним за Струмица веќе 95 години, клуб низ кој поминале илјадници фудбалери, клуб кој е гордост на нашиот град.
Со овој чекор, со овој договор ќе порасне и нашиот клуб, девојките ќе ги добијат сите предуслови за свое фудбалско усовршување, а секако и дека и нашите апетити за успеси ќе пораснат во иднина.

 

Препорачуваме:

Џио Струмица подобар од Вардар-му се насмевнува финале за титула

Ване Трајков

Работнички од Скопје победник на турнирот на Наковски волеј

Ване Трајков

Викендов во Струмица судијка му судеше на својот сопруг

Ѓ. K.