Регион

Струмичко-велешко поетско матине во Струмица

-Во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ во Струмица се одржа струмичко-велешко поетско матине, на кое учествуваа осум поети од двата града. Замислено како дружење меѓу авторите и размена на стихови, средбата има за цел промоција на пишаниот збор пред граѓаните.

-Поезијата не познава граници и простори, но кога се чита во ваков интимен простор, меѓу книгите, мислам дека се доловува нејзината суштина многу поубаво. Струмица е расадник на поети, но Велес почнувајќи со големите имиња што ги даде во литературата, е темелот. Затоа симнуваме капа на сите великани. Импонира што денес во Велес постојат луѓе кои творат и создаваат со пишаниот збор, рече проф.д-р Ана Витанова Рингачева.

Директорката на библиотеката, Тања Гошева, вели дека Струмица дава автори во сите области од литературата.

-Работејќи во роднокрајното одделение во струмичката библиотека, морам да кажам дека имаме автори кои достигнуваат врвни успеси во поезијата. За нас е особена чест што сме домаќини на оваа средба, рече Гошева.

На поетската вечер учествуваа поетите Лила Арсова, Јзасмина Ѓеоргиева, Гордана Николовска и сатиричарот Атанас Крлевски од Велес, а од струмичките поети свои творби прочитаа Ѓорги Кајалџиев, Никола Сарајлија, Сузана Мицева и Ице Беличев.

Препорачуваме:

Туристите информирани дека не смеат да внесуваат храна во Грција-на одмор со празен багаж

Градоначалникот Костадинов зборуваше на завршната конференција на проектот „Со Локални совети за превенција кон подобрена соработка“

Ѓ. K.

Општина Босилово ќе гради повеќенаменско спортско игралиште во Радово

Ѓ. K.