Свет

Македонија и Бугарија ќе потпишат десет договори за соработка

Десет нови договори ќе потпишат Македонија и Бугарија на заедничката седница на владите на двете држави идната недела во Струмица, а ќе покренеле и 7-8 иницијативи на чијашто легислатива ќе треба да работат надлежните министри во наредниот период. Ова го рече премиерот Заев утринава во обраќањето пред младите политичари од Бугарија кои што се на обуки во Струмица. Заев зборуваше за заедничките планови со Бугарија во коишто влегуваат и укинување на роамингот помеѓу Македонија и Бугарија како и изедначување на цените за користење на патната инфраструктура.

Според Заев договорот со Бугарија е само основа за градењето на заедничката соработка и пријателство, кои што во иднина треба да се продлабочуваат и да се стекне доверба помеѓу двете земји.

Во својот говор Заев рече дека Бугарија се обврзала да биде сојузник на патот кон ЕУ и Нато, но дека заедничката соработка ќе донесе придобивки за граѓаните на двете земји.

Препорачуваме:

ЛУЃЕТО КОИ СЕ ПЛАШАТ ОД МИГРАНТИТЕ НЕ СЕ РАСИСТИ

САД го тужат поранешниот советник за национална безбедност поради откривање доверливи информации

Сузана Мицева

ЕУ го зголеми производството на муниција за 30%

Ѓ. K.