Регион

Средба на премиерот Заев со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска оствари прва посета од оваа функција на Општина Струмица и се сретна со градоначалникот Коста Јаневски.

-Градоначалникот Коста Јаневски го запозна премиерот Заев за практицирањето на локалната власт во првиот месец по локалните избори, како и за функционирањето на  општината, општинската администрација, претпријатијата и другите институции  што се во надлежност на локалната самоуправа, стои во писменото соопштение од владината прес служба.

Градоначалникот Јаневски, на средбата потенцирал, дека работата на општината во сервисирањето на услугите за граѓаните на  Струмица, е поставена на солидни темели и, според него, овозможува прогресивен развој во повеќе области од интерес на жителите на општината.

Двајцата соговорници  изразиле задоволство од досегашната соработка меѓу централната и локалната власт и се согласиле дека постојат потенцијали за нејзино интензивирање, за обезбедување дополнителни проекти за квалитетен живот за сите граѓани на Струмица.

Препорачуваме:

Светската банка ги повикува Г20 да не воведуваат ограничувања на извозот

Стојне Митева

Излезе од печат публикацијата „Цареви Кули Струмица – од праисторијата до Римско Царство на Зоран Рујак

Се чисти патот Мокриево – Ново Село

Стојне Митева