Регион

Сторијата на Канал Вис за изгорениот дом ан Трајкови и’ донесе награда на Адора инжинеринг

Приказната за брачниот пар Трајкови од радовишко Дедино, чиј дом лани во декември изгоре до темел најверојатно поради неисправна електрична инсталација, и’ донесе награда за општествена одговорност на компанијата Адора Инжинеринг. Денеска во Скопје оваа компанија ја прими наградата којашто ја доделува министерството за економија.

Домот на Трајкови изгоре лани во декември, по што брачниот пар беше сместен во трошна куќа во соседството. Трајкови, а и нивните деца не беа во можност да ја обноват семејната куќа. По објавената приказна на Канал Вис, реагираше сопственикот на Адора инжинеринг кој се јави во нашата редакција и веќе наредниот ден ги посети Трајкови во Дедино.

Им вети нов, енергетски ефикасен дом и за неколку месеци, возрасните маж и жена се вселија во новата куќа.

Во апликацијата до министерство за економија, канал Вис беше вклучен како партнер медиум со чија помош се реализираше целата хуманитарна акција.

Препорачуваме:

Центарот за граѓански комуникации објави анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки

Мерката МојДДВ не се стопира, ќе се овозможи опција за донирање

Стојне Митева

Општина Василево ќе почне сама да отуѓува градежно земјиште

Ване Трајков