Регион

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Василево и против поранешниот в.д директор на ЈПКД „Турија“ за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во продолжение интегралното соопштение од СВР Струмица:

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица, поднесе кривична пријава против  В.С  (50) од с.Едрениково и Л.Н (44) од Василево, поради постоење на основано соменение дека првопријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 ст.1 од КЗ на РМ, додека второпријавениот  сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување „ по чл. 353 ст.1 а во врска со чл.22 од КЗ на РМ.

Имено, првопријавениот како градоначалник на општина Василево искористувајќи ја својата службена положба, за наводни потреби на општината,  на 29-ти септември 2017 година, побарал од второпријавениот вработен како в.д. Директор на ЈПКД „Турија“ п.о. Василево да ангажира работна машина во сопственост на ЈПКД „Турија’ п.о.Василево, поточно на 30-ти септември 2017 година да се насипе улица во с.Едрениково, место каде според урбаниситичкиот план  за с.Едрениково не постои улица  односно пат, туку на тоа место постои водотек-река и пасиште во сопственост на Р.Македонија.

На 29-ти септември 2017 година второпријавениот како в.д директор на ЈПКД „Турија’ п.о. Василево,   без претходно да потпише налог за користење на службено возило  и без да изготви Работен налог,  му дал задача на вработен  во ЈПКД „Турија“, како багерист,  на 30-ти септември 2017 година (неработен ден) со работната машина  да изврши распостелување и насипување на шљунак – песок кој претходно бил оставен по патеката која води кон улицата во с.Едрениково.

По завршување на активностите второпријавениот не изготвил фактура за наплата на извршената работа што е противправно и спротивно на правилата за користење на средствата на јавни претпријатија. На тој начин му овозможил на првопријавениот за приватни потреби на трето лице да ја искористи предметната работна машина без да се покријат трошоците за истото.

Препорачуваме:

Во Струмица хоспитализирани 14 ковид пациенти

Владата усвои нов текст на законот за медицински канабис

Стојне Митева

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит

Стојне Митева