Регион

Пријава на учесници за „Обука за форуми на заедницата“

Здружението за локална демократија Центарот на заедницата на општина Струмица ќе организира еднодневна Обука за форуми на заедницата на 21.11.2017 г. (втроник) со почеток во 10:00 часот во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица.

Оваа обука е наменета за сите граѓани, претставници на граѓански организации и граѓански активисти од општина Струмица.

Обуката има за цел да ги запознае граѓаните и претставниците на граѓанските организации со форумскиот процес, процесот на партиципативно буџетирање, подготовка и донесување на буџетот на општината, со најголем акцент на улогата на граѓаните во форумскиот процес и потребата од нивно учество и активирање на самиот форумски процес со цел креирање буџет во консултација со нив.

Обуката ќе ја реализира Борис Шарковски, програмски директор во Фондација за развој на локалната заедница Штип и експерт од областа на граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локлано ниво, како и во организирање форуми на заедницата.

Максималниот број на учесници е 20. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со попречености. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе се одржи на македонски јазик.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават електронски најдоцна до петок, 17 ноември 2017 година, до 16 ч. со пополнување на оваа електронска пријава.

Обуката ќе се одржи со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.

За дополнителни информации и/или прашања, слободно обратете се на е-маил: goran.sachevski@ccstrumica.mk или тел. 075 334 180 (лице за контакт: Горан Сачевски – координатор на проекти во Центарот на заедницата на општина Струмица)

Препорачуваме:

Граѓанскиоt сектор да биде вклучен во Регулаторна при креирање на цената на чинење на водата – ЦЕД ,,Флорозон” со кампања

Видео: Пекарница во Струмица пет месеци дели бесплатни оброци на ранливи категории

Сузана Мицева

Три лица од радовишко повредени во вчерашната сообраќајка кај Владевци

Ване Трајков