Регион

Со изложба на Таше Пефќев одбележан патронатот на СОУ ,, Димитар Влахов,,

СОУ,, Димитар Влахов,, во Струмица го одбележа патронатот. Пред спомен бистата на Димитар Влахов  во училишниот двор, просветните работници и преставници од општина Струмица положија свежо цвеке а во училиштето  беа презентирани  успесите на училиштето во сите профили во последната година.

На денешното чествување беа доделени наградите по распишаниот литературен конкурс на училиштето на тема ,,Мудроста на зборот го движи светот,, на ученичките Марија Спасова, Рената Атанасова и Елисавета Ристова кои добија признанија и читаа  делови од своите наградени литературни творби

Признание доби и ученикот Таше Пефкев  кој во училииштето ја реализираше својата прва изложба а на која беа презенитрани повеке уметнички дела. За него  кажаа дека е млад и перспективен сликар кој својата имагинација ја пренесува на уметничките платна.

Препорачуваме:

Традиционална фолклорна манифестација „Фолклорен ѓердан“ во Гевгелија

Ѓ. K.

Владика Јаков: Се молиме сите оние што не се дел од оваа литија да станат

Сузана Мицева

Ангов: Офанзивно чистење на водата во Дојранското Езеро во 2022 година