Спорт

Шампионот Струмица ќе игра во новата сезона за одбрана на двојната круна, најдено е решение за финансиските проблеми

Одбојкарскиот шампион Струмица ќе игра во новата сезона, екипата контуинирано тренира а за финансиските проблеми е најдено решение. Вака информираше за ВИС СПОРТ првиот човек на клубот Ацо Ѓеоргиев  кој подвлече дека котизацијата за учество во првата лига ќе била платена идната недела а паралелено договорена е динамиката за исплата на заостанатите долгови кон салата Партизан каде ОК Струмица лани играше

,, Работиме на решавање на проблемите . Екипата на Струмица во второто коло ќе игра со Борец од Велес на свој терен. Дотогаш котизацијата ќе биде платена а во меѓувреме најдовме решение како да се подмират долговите кон сала Партизан. Генерално ова е проблем кој ги тишти сите спортски клубови. Сакам да  Ве информирам дека екипата доби нова опрема, таа тренира и ова сезона повторно ке биде во врвот на мак одбојката за одбрана на двојната круна,, потенцираше за ВИС СПОРТ  претседателот на ОК Струмица Аце Ѓеоргиев

ОК Струмица изминативе години е доминантен на македонската одбојкарска сцена. Лани беше шампион во пионерска, кадетска, младинска конкуренција а со сениорите ја освои и Шампионската и КУП титулата.

Препорачуваме:

Следната сезона дури 5 екипи во Втора лига од Југоистокот

Ване Трајков

Ване Крстевски кариерата ја продолжува во Шкендија во Тетово

Ѓ. K.

Ракометните репрезентативци во Загреб го усреќија нивниот голем фан – струмичанецот Миленков