Спорт

Видео: Пандевци и се реваншираа на Шкендија – Балдо, Марков и Чешма донесоа славје и втора позиција

Фудбалерите на Академија Пандев ја скротија тетовска Шкендија на стадионот Младост. Со 3:2 забележаа победа над лидерот на прволигашката табела и се пробија на втората позиција откако Вардар киксна кај Работнички. Балдовалиев, Марков и Чешмеџиев донесоа огромна радост и нови три бода за струмичкиот прволигаш кој останува дома непоразен

Возбудлив и интересен натпревар. Академијата преку Зоран Балдовалиев го откри резултатот и со 1:0 заминаа на одмор. Во второто полувреме Ѓорги Марков со гради ја смести топката во мрежата на Захов по што тетовци се разбудија. Преку Радески и Ибраими израмнија на 2:2. И кога се мислеше дека на Младост ќе нема победник, Констатин Чешмеџиев во последната минута со фантастичен погодок, по трет пат го надмудри Захов за огромно славје на Младост кој со Академија Пандев останува неосвоива тврдина за македонските прволигаши

Со ова победа, 6 по ред ,, пандевци,, имаат 21 бод, 7 помалку од денешниот противник Шкендија но и натпревар помалку. Следното коло Академијата на Горан Пандев му гостува на Ренова.

Видеото е превземено од  www.gol.mk

Препорачуваме:

Бразиелецот Мартин Кауан стана дел од тимот на Брера Струмица

Ѓ. K.

ОК Струмица и ЖФК Тиверија ги собраа наградите на изборот на најуспешните во спортот

Ване Трајков

Почнува 29-от македонски одбојкарски шампионат

Ване Трајков