Регион

Видео: Д-р Јаневски – Огромната победа за нас е обврска за подобар и поубав живот за сите во Струмица

Д-р Коста  Јаневски е новиот градоначалник на Струмица  кој вчера освои околу 6 700 гласови повеќе во однос на својот против кандидат Марјан Бајрактаров од ВМРО ДПМНЕ.  Јаневски во своето прво обраќање пред струмичани од пред изборниот штаб, се заблaгoдари на подршката и  подвлече дека ова огромна победа, е огромна одговорност за него и неговиот тим во следните 4 години

Според првичните информации  коалицијата на СДСМ во струмичкиот совет ќе има 14 членови  додека коалицијата на ВМРО ДПМНЕ 9 советника за што треба да потврди и ОИК. Носителот на листата на коалицијата на СДСМ Марјан Даскаловски се заблагодари за подршката и истакна дека ќе ја оправдат довербата

Вчера во Струмица гласале околу 31 илјада граѓани со право на глас што преставува 63 одсто од избирачкиот електорат. Засега нема поднесени приговори на текот на гласањето до ОИК во Струмица

Еве што кажаа Марјан Даскаловски носителот на листата за советници на СДСМ и новиот градоначалник Коста Јаневски

Препорачуваме:

Увид во изградбата на Поројот Свети Илија во Струмица

Крводарителска акција со граѓаните и вработените во Општина Ново Село

Ѓ. K.

Извршена уште една трансплантација: Утрово срцето на 44-годишна пациентка почна повторно да чука

Стојне Митева