Регион

Во Струмица до 13 часот гласале 26,7%

До 13 часот во Струмица, според Општинската изборна комисија, правото на глас го искористиле 26,7%. Според претседателот на комисијата, Александар Чеботарев, засега гласањето се одвива мирно и без инциденти, на сите 83 избирачки места.

Во општина Струмица 49.235 избирачи имаат право да го дадат својот глас за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.

Вчера, своето право на глас, можеа да го искористат 218 болни и изнемоштени лица.

Се гласа и во руралните општини во струмичкиот регион.

Во Босилово гласаат 12.318 избирачи на 19 избирачки места, за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи, а до 13 часот излезнаоста изнесува 15%.

Во Василево, 10.437 гласачи може да се определат за двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи, на 19 избирачки места, а до 13 часот, гласале 21% од запишаните гласачи.

Во општина Ново Село за тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи, своето граѓанско право може да го искористат 11.452 гласачи на 20 избирачки места, а од нив, до 13 часот на гласање излегле 21%.

Препорачуваме:

Бројот на патниците кон Грција намален за повеќе од 80 %

Почина велосипедистот кој утрово го удри автомобил на транзитниот пат во Струмица

Во Струмица вчера сообраќајка, повредено едно лицe a на Младинска пожар во мерцедес возило

Ване Трајков