Регион

Во Струмица до 10 часот гласале 9,3%

До 10 часот во Струмица, според Општинската изборна комисија, правото на глас го искористиле 9,3%. Според претседателот на комисијата, Александар Чеботарев, засега гласањето се одвива мирно и без инциденти.

-Гласањето на сите 83 избирачки места, започна точно во 7 часот. Досега се се одвива мирно и без проблеми. Очекуваме така да биде и до крајот на избирачкиот ден, рече Чеботарев.

Во општина Струмица 49.235 избирачи имаат право да го дадат својот глас за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.

Вчера, своето право на глас, можеа да го искористат 218 болни и изнемоштени лица.

Се гласа и во руралните општини во струмичкиот регион.

Во Босилово гласаат 12.318 избирачи на 19 избирачки места, за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.

Во Василево, 10.437 гласачи може да се определат за двајца кандидати за градоначалници и три советнички листи, на 19 избирачки места.

Во општина Ново Село за тројца кандидати за градоначалници и две советнички листи, своето граѓанско право може да го искористат 11.452 гласачи на 20 избирачки места.

Препорачуваме:

Електричен автобус се тестираше низ струмичките улици

Сузана Мицева

Ограбен наплатен пункт на Паркиралишта

Детскиот фестивал ЈО-ЈО – премиерно на ТВ Канал Вис во Сабота во 15 часот…

Dimitar Micev