Спорт

Видео – Тиверијанки ги надиграа шампионките, Истатов испратен во Дојран со 7:1

Фудбалерките на ,,Тиверија,, од Струмица денеска забележаа убедлива победа над актуелниот Шампион екипата на  ,,СРЦ Истатов,,. Со резултат од 7:1 , струмичанки ги испратија за Дојран шампионките кои не може да им парираат на расположените ,,тиверијанки,, кои со ова победа докажуваат дека годинава како и изминатата сезона ќе атакуваат на висок пласман. Ова е четврта победа на ЖФК ,,Тиверија,, од Струмица од четири одиграни натпревари и со импресивна гол разлика се наоѓат на самиот врв од прволигашката табела во женскиот фудбал во земјава.

Победата беше најавена уште во првото полувреме кога за домакинките беше 3:0 а веќе во второто полувреме целосен дебакл на гостинките кои преку Боглева го постигнаа почесниот гол. За тимот на Тиверија головите ги постигнаа Николовска, Велкова, Ристовска,  Димоска, Митревска и Дервиши која двапати ја тресеше мрежата на дојранчанки
За тимот на Тиверија Струмица играа Панчурова, Панеска,Николова, Коларовска, Николовска, Бошкоска, Велкова, Ристовска (c), Дервиши, Димоска, Митревска а шанса добија и Граматикова и Недева
Еве ги головите од дуелот Тиверија – Истатов 

Препорачуваме:

Беласица промовираше уште три нови засилувања

Ѓ. K.

Струмица немоќна против Мираковски и Работнички

Ване Трајков

Одбојкарките на „Наковски волеј“ станаа државни шампионки во младинска конкуренција

Сузана Мицева