Спорт

ВИДЕО ЗА ,,BELASITSA SKY RUN,,- 450 македонци и бугари ќе трчаат со километри и ќе ја запознаваат убавата Беласица

Belasitsa Sky Run е првиот меѓународен натпревар по планинско трчање помеѓу Македонија и Бугарија и  целта му е да ги собере љубителите на овој спорт од двете држави и да им осигура место за пријателски натпревар, форум за размена на идеи и забава. Патеката на Belasitsa Sky Run е долга 81,4 км и започнува од село Смолари во Македонија, искачува се по стрмната падина на Беласица, преминува преку местото викано “Метеролошка станица”, се искачува на врвот Сечена скала (1785 м.н.в.) се движи се по изохипса се до под врвот Тумба каде е границата помеѓу Македонија и Бугарија и од таму се спуштаат во село Старо Коњарево од каде по стариот пат се движат до Ново Коњарево и до граничниот премин Ново Село каде се влегува во Бугарска територија и се движат до село Скрт па по подножјето на Беласица, каде се искачуваат на врв Радомир и врв Конгор и финишираат во градот Петрич

Во Трката ќе учествуваат вкупно 159 влубители на планинското трчење од кои 124 мажи и 35 жени и истата ќе стартува во 6 часот во селото Смолари.

Паралелно со ова трка ќе има уште една , чија должина е пократка . Станува збор за патека во должина од 31 километар на кој учествуваат 150 натпреварувачи. Во недела пак ќе има планински велосипедизам од Петрич до врвот Конгор на Беласица

Belasitsa Sky Run се организира во рамките на проект “Беласица – планината на активните луѓе”, кој се реализира во соработка со Планинарско еколошко друштво Еделвајс – гр. Струмица и Клуб за екстремни спортови и планинарство ”Бела Екстрим” – гр. Петрич и е финансиран од Европската унија преку Програма Интеррег-ИПА за меѓугранична соработка помеѓу Бугарија-Македонија.

Целта на проекта е создавање на нови алтернативни туристички продукти и популаризација  на туристичкиот потенцијал на Беласица. Основните дејности вклучуват организирање и спроведување на првото меѓугранично натпреварување во планинско трчање помеѓу Македонија и Бугарија, вело обиколка во подножјето на Беласица, образовни велосипедски натпревари за деца и други активности

https://www.facebook.com/ActiveBelasitsa/videos/1829796277349551/

Препорачуваме:

Академија Пандев ремизираше со Ренова- без победа во последните 4 меча

Значајна гостинска победа на Наковски волеј над скопскиот ривал Јанта волеј

Ѓ. K.

Астраионци како на шала до четвртата победа во Велес

Ване Трајков