Спорт

Пионерите на РК ,,Астрион,, лигата ја стартуваа со победа против Текстилец

Надежите на РК ,,Астраион,, од Струмица со победа ја започнаа пионерската лига. На свој терен ги совладаа своите врсници од Текстилец од Штип со резултат 24:12 на полувреме 12:8. Пионерите на ,,Астраион,, за првпат се натпреваруваат под капата на РФМ. Пионерската лига е поделена во четири групи а струмичките надежи се во групата 3 каде освен тие и штипјани се и Делчево, Тиквеш Кавадарци, Младинец, Торо Спорт. Системот е дома гости а најдобрите ќе разигруваат за титулата пионерски првак.

Минатата сезона РК ,,Астраион,, дебитираше во лигите на РФМ токму во ова конкуренција. Лани пионерите го освоија 4 место  но годинава  истата екипа ќе се натпреварува во кадетската лига на Македонија во групата 1.

Препорачуваме:

Беласица против Скопје за Прва лига

Ване Трајков

ОК Струмица со победа го започна новиот шампионат

Наковски волеј во гости го шокираше Универзитет Тетово – Славеше победа и се на чекор до КУП финале

Ване Трајков