Спорт

Кошаркарските ветерани од Струмица изненадија со тројки и атрактивни поени !

Денеска во салата ,,Партизан,,  се одржа меморијален кошаркарски турнир за ветерани  во организација на КК,, Ветерани Струмица,, а на кој учествуваат и екипи од Битола, Кавадарци, Штип и Лесковац Србија.  Ветераните од Струмица во првиот меч славеа против Астибо од Штип кој беше доста интересен. Караристов постигна со кош од средината на теренот, Ефтимов беше неприкосновен со шутот за три. Зетов Узунов и Коцев постигнуваа атрактивни поени, искусниот Настев, Апцев, Димитриев, Ушинов исто така  се запишаа во листата на стрелци каде свој учинок имаше и Милановиќ. Единствено не поентираа Витанов и Кечев но помогнаа во победата на својот тим. Како беше на натпреварот можете да гледате вечерва во 22 и 30 минути на програмата на Канал ВИС каде заедно со Бошко Георгиев Бизнис се анализираше играта, клубот но и турнирот посветен на кошаркари кои оставија белег на кошаркарската сцена во  Македонија

Препорачуваме:

Девојчињата од Наковски Волеј – Шампионки на РМ !

Ване Трајков

Беласица остана без тренер, по двата порази се раздели со Беќаров

Ѓ. K.

Кошаркарите на Струмица со само пет поентери, поразени – ,,соколите,, во Скопје пресилни