Регион

ДЗС: Југоистокот земјоделски погон на Македонија

Со 31,1 процент учество во креирањето на бруто-додадената вреднсот во земјоделството на Република Македонија, југоистокот е регионот со најголем удел и главниот земјоделски погон во државата. Државниот завод за статистика ги објави податоците за 2015 година, споре кои, по југоистокот, следува Пелагонскиот регион со 19, 4 проценти, па Вардарскиот, полошкиот, а најмало учество има североисточниот регион со 3,8 проценти.

Југоистокот е на врвот и на листата за создавање на вредноста на растително производство со 37,7 проценти, додека епитетот најдобар во креирањето на вредноста на добиточното производство го има Полошкиот регион со 20,8%.

Во 2015 година во нашиот регион земјоделството инкасирало близу 400 милиони евра, од нив за растително просизводство 377 милиони, а за добиток само 20 милиони евра.

Најдоходовна гранка во регионот останува градинарството. Градинарите за своите производи наплатиле 376 милиони евра.

Од државниот завод за статистика напоменуваат дека во овие пресметки не се вклучени субвенциите на производи.
Југоисточниот регион и низ годините е на врвот во креирањето на бруто земјоделскиот производ. Најголем удел имал во 2012 со 33,3 проценти.

Препорачуваме:

Струмичка коњаница

Plugin

Претрес во Струмица, пронајден опиум, приведено едно лице

Ване Трајков

Од Просениково започна уредувањето на јавните површини во селата

Ѓ. K.