Регион

Сообраќајка на Климент Охридски во Струмица- се судрија пунто и мерцедес

Попладнево околу 17 часот и 30 минута на улицата Климент Охридски кај Здружение на возачи во Струмица се случи сообраќајка во која учествува две патнички моторни возила. Фиат Пунто со струмички регистарски ознаки и Мерцедес со гевгелиски ознаки. Засега не се знаат причините за сударот помеѓу двете возила при што автомобилот Фиат Пунто се заби во сообраќајниот знак на улицата. Во сообраќајката нема лица со посериозни повреди.

На местото на настанот излезе увидна екипа на СВР Струмица за да ги утврди причините за сообраќајката.

Препорачуваме:

В четврток Новогодишно-божиќниот концерт на Гимназијата на ТВ Канал ВИС

Годинава поради пандемијата КОВИД 19, нема да се одржат традиционалните Владимирски илинденски средби

Стојне Митева

До среда во општина Гевгелија ќе биде извршено тереистичко прскање против комарци

Стојне Митева