Регион

Референдум за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци

По рудниците на повидок е нов референдум за кој гласот го креваат мајките и трудниците.Од утре канцелариите на ДИК низ цела држава повторно со отворени врати , за нови 10 илјади потписи за распишување на референдум, овој пат на национално ниво.Граѓанската иницијатива ,,450 породилно (пеленска револуција) бара покренување на референдумско прашање породилното отсуство да трае 18 месеци , не како во моментов 9.Од ДИК потврдија дека од утре сите подрачни канцеларии ќе бидат отворени за собирање на потписите се до 7 октомври.
Младите бараат повеќе време со бебињата а возрасните пак со контра став дека и тие девет месеци се можеби многу.
Предлогот на иницијативата ги вклучива и мајките кои се во моментов на породилно отсуство.Право на потпишување за ова рефендумско прашање имаат сите граѓани на РМ над 18 години кои имаат право на гласање и би сакале да ја подржат оваа иницијативата.

Препорачуваме:

Се асфалтира патот од центарот на Градашорци до магистралниот пат А4

Сузана Мицева

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Стојне Митева

Струмичките земјоделци се жалат на штети кај црвената пиперка на отворено