Регион

Утврден распоредот на кандидатските листи за локалните избори во југоистокот

Се изврши ждребувањето за распоредот на кандидатските листи на гласачките ливчиња на локалните избори. Коалицијата предводена од Вмро Дпмне е 13 на листата, додека коалицијата на Сдсм е под број 19. Во Струмица овие две политички партии се единствените што поднесоа кандидатски листи за советници и градоначалници. Ист е случајот и во општините Босилово, Ново Село, Василево и Конче.

Независни кандидатски листи има Радовиш. Под број 21, е независната листа советници предводена од Горан Поцев.

Во оваа општина има и втора независна листа советници, на чело со Игор Петков, којашто на изборите ќе биде под број 43.

Независен кандидат општина Радовиш има и за градоначалник. Јуре Ѓоргиев под редниот број 58, на изборите на 15 октомври ќе се трка заедно со кандидатите на Сдсм, Герасим Конзулов, и од Вмро Дпмне, Сашко Николов.

И општина Богданци покрај кандидатските листи на Сдсм и Вмро Дпмне ќе има една независна листа на советници, предводена од Митко Мишев, којшто го доби бројот 53.

Во Дојран има една независна листа за советници којашто на изборите ќе биде со број 60, на чело со Светислав Чабулев.

Оваа општина има и двајца независни кандидати за градоначалници. Снежана Манева, ќе биде под број 64, додека независниот кандидат Тони Ајцев со ждребувањето го доби бројот 40.

Валандовската општина покрај кандидати на двете најголеми политички партии има и еден независен кандидат за градоначалник. Стојан Манолев на локалните избори ќе биде со број41.

Во југоисточниот регион независна листа има уште и Гевгелија, и тоа за советници. Кандидатската листа предводена од Томе Ќичуков на изборите на 15 октомври ќе биде под реден број 21.

Овие се шестите локални избори во Р. Македонија. Ќе се гласа во 80 општини на вкупно 3480 избирачки места. Изборната кампања ќе почне на 25 дептември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври. Вториот круг на изборите е закажан за две недели подоцна, на 29 октомври.

Препорачуваме:

Тв Ординација: Квалитетен живот со дијабет

Сузана Мицева

Општина Василево асфалтираше две улици во Висока Маала

Сузана Мицева

36 вакцини за струмичките лекари од Фајзер

Стојне Митева