Регион

СДСМ ги објави имињата за градоначалници во седум општини во Југоистокот

Како што наближува крајниот рок – 14 септември за поднесување на кандидатурите за градоначалник до ДИК, така двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ги објавуваат  своите адути за градоначалничката функција. Во  Југоистокот  СДСМ ги објави имињата   на кандидатите за седум општини додека ВМРО ДПМНЕ за три општини

Во Радовиш кандидат на СДСМ е Герасим Конзулов директор за произвдоство во Бучим додека ВМРО ДПМНЕ ќе оди со актуелниот Сашко Николов.  Во трка за градоначалник во ова општина најверојатно ќе биде Јуре Ѓеоргиев како независен кој ги има собрано потписите

Во Валандово, СДСМ ќе оди со Перо Костадинов актуелен советник во Советот на општина Валандово додека Николче Чурлиновски ќе бара подршка за четврт мандат од ВМРО ДПМНЕ. И во Валандово има независен кој ги собра потребните потписи  а тоа е Стојан Манолев професор по физика

СДСМ ги објави имињата  и за Гевгелија,  Богданци, Ново село, Василево  и Конче . Во Гевгелија кандидат за градоначалник е Сашко Поцков актуелен пратеник, во Богданци  Блажо Шапов, во Ново село  Боро Стојчев, во Василево Марјан Јанев, во Конче Благој Илиев.

СДСМ сеуште нема објавено кандидати за градоначалник во Струмица, Босилово и Дојран.

ВМРО ДПМНЕ освен за Валандово и Радовиш пред речиси еден месец го објави името на Марјан Бајрактаров како кандидат за градоначалник .

Препорачуваме:

Општина Струмица најавува тужба за Ѓоргиевски од ВМРО ДПМНЕ доколку не се извини за денешниот прес

Сузана Мицева

Денеска пристигнуваат 2000 вакцини од Кина

Стојне Митева

Жителите од Фурка денес на еко акција, чистеа во центарот на селото