Регион

„Златна петорка“  во официјалната селекција на Фестивалот во ЊуЏерси

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ ќе го види и американската публика. Режисерското остварување на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36-то издание на престижниот Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси (New Jersey Film Festival), од 367 пријавени филмови од цел свет. За него, ова е уште еден успех иу препознавање на филмската приказна која не ја остава рамнодушна публиката.

Покрај американската премиера на 22 септември, на покана на организаторот, режисерот Тренчовски ќе оствари средба со студенти и професори на Универзитетот Ратгерс во Њу Брансвик, а продуцентот Дејан Милошевски ќе преговара со потенцијални дистрибутери на филмот за САД.

Филмот на 9 септември ќе се прикаже на Централно-Европскиот филмски фестивал во Темишвар, Романија, на 20 септември на Фестивалот на филмската режија во Лесковац, на 23 има проекција во Мумбаи, а потврдени се и селекциите на фестивали во Варшава (Полска), Брно (Чешка) и Санкт Петербург (Русија). ДОСЕГА Златаната петорка има добиено повеке награди.

Инаку, „Златна петорка“ досега е селектиран на 20-тина филмски фестивали, има освоено пет интернационални награди и е најгледан филм во Македонија во изминатата сезона.

Препорачуваме:

19-годишна девојка со потекло од Македонија киднапирана од Хамас, се бара помош за нејзино спасување

Ѓ. K.

78 казни за брзо возење на Југоистокот, 24 од нив во Струмица

Ѓ. K.

Струмичките пожарникари учествуваа во украсувањето на божиќните дрвца на градскиот плоштад „Гоце Делчев“

Ѓ. K.