Спорт

Македонија беше подобра, но ремизираше со Албанците на стадионот Младост во Струмица

Македонија ремизираше со 1-1 против Албанија на натпреварот во Струмица, осми во квалификацискиот циклус за Мундијалот идната година. Шансите и топката беа на страната на Македонија, но Албанците беа тие кои го отворија резултатот. Во 53. минута поведоа контра, Садику центрираше, а Роши реагираше со глава за 1-0.

Пандев можеше да врати многу бргу, но Хисај ја извади топката од гол-линија. Селекторот Ангеловски го внесе Александар Трајковски во игра и тој беше човекот кој се потпиша под изедначувачкиот гол, од пенал, во 78. минута.

Влегоа уште Тричковски и Радевски и Македонија доби на брзина, на креативност. Имаше 3-4 стопроцентни шанси, двапати Несторовски излезе сам пред голманот Бериша, Алиоски во неколку наврати од далечина опасно шутираше, но албанскиот чувар на мрежата постојано беше на место.

Со два меча до крајот на циклусов (Италија на гости и Лихтенштајн дома), Македонија има седум бода на петтото место, Израел е четврти со девет, Албанија трета со 13. Напред е Шпанија со 22 бода.

Препорачуваме:

Фото – Предновогодишно дружење со Горан Пандев и Дедо Мраз во Академија Пандев

Ване Трајков

Средношколците од Никола Карев – државни прваци а Стојан Илиев најдобар одбојкар

Ване Трајков

Пандевци утре на Младост против Скопје за првата прволигашка победа