Регион

Завршува реконструкцијата на градинката во Ново Село

Завршува реконструкцијата на детската градинка „Сонце“ во општина Ново Село. Локалните власти велат дека до крајот на септември ќе завршат финалните зафати на објектот кој се модернизира во рамки на проектот „Енергeтска ефикасност во насока за постигнување подобра животна средина во градинките” преку ИПА програмата.

Рекoнструкцијата на градинката ги опфаќа следните активности: подобрување на изолацијата преку поставување на нова термофасада, отстранување на азбестниот покрив и поставување на нов лимен покрив со изолација, нови PVC прозорци и врати, подобрени системи за водовод и канализација, инсталирани соларни колектори за производство на топла вода за градинката, замена на постоечкото осветлување со ново енергетски ефикасно.

Проектот го добија Ново Село и Сандански од Бугарија, а од евроспкиот фонд обезбедени се 400 илјади евра кои општините ќе ги поделат за реализација на проектите.

Препорачуваме:

Василево доби нов градоначалник- Марјан Јанев од СДСМ слави победа

Гевгелија се надева на отворање на границите

Сузана Мицева

Доделени благодарници на струмички фамилии од чии редови излегле врвни спортисти

Ване Трајков