Регион

Кои се кандидатите за градоначалници од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во општините од Југоистокот ?

Политичките партии сеуште ги кријат своите адути за градоначалници и советници на престојните локални избори закажани за 15 следниот месец.  Во Југоистокот засега СДСМ објави  имиња за четири општини , ВМРО ДПМНЕ  само за Струмица.

Владеачката СДСМ за градоначалничката функција во Богданци  ќе трча со Блажо Шапов актуелниот претседател на Советот,   во Валандово со советникот Перо Костадинов, во Ново село со претседателот на општинската организација на СДСМ- Боро Стојчев додека кандидат за градоначалник од владеачката партија во општина Конче е Благој Илиев

СДСМ суште го нема објавено името за кандидат за градоначалник во Струмица иако деновиве интернет порталите   информираа дека интернистот Коста Јаневски акуелниот  пратеник ќе биде нивен адут. Централата во Скопје сеуште го нема потврдено  името  со објаснување дека во игра се повеќе кандидати и изборот не утврден. Неофицијално во игра се Јаневски, актуелниот претседател на огранокот во Струмица Марјан Даскаловски и сегашниот ВД градоначалник Костадин Костадинов

За разлика од СДСМ , опозиционата ВМРО ДПМНЕ речиси пред половина месец го објави својот кандидат за градоначалник во Струмица. Преку генералниот секретар на партијата беше соопштено дека тоа е е стоматолгогот Марјан Бајрактаров, но за разлика од Струмица засега сеуште ги крие своите адути  за останатите општини во југоистокот. Партиски информации говорат дека, дека во дел од општините од југоистокот ВМРО ДПМНЕ  ќе излезе со актуелните градоначалници.

Во сенка на имињата на кандидатите за градоначалници  енигма се можните имиња за советници и носители на советничките листи. Партиски извори наведуваат дека сеуште се утврдуваат листите.

Препорачуваме:

Од денеска олабавување на мерките во Македонија

Сузана Мицева

Работните групи на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа

Во Битола протести против отворањето на бугарски клуб со името на фашистот Ванчо Михајлов

Стојне Митева