Македонија Регион

Утре референдум во Општина Босилово

Утре во 7 часот наутро ќе бидат отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во Општина Босилово, каде што граѓаните на референдум имаат можност да се изјаснат за две прашања: Дали се за или против работата на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, а биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50% + 1 глас.

Денеска во Општина Босилово своето право на глас го оствариле  четири лица кои се пријавиле како болни и изнемоштени и нивните ливчиња се затворени до утрешното пребројување, информираат од Општинската изборна комисија.

Во струмичкиот регион, референдумски за работата на рудници, на 17 септември,  ќе се изјаснуваат и жителите на Општина Ново Село./кд

Препорачуваме:

На полноќ истекува рокот за собирање потписи на локалните избори

Сузана Мицева

ВИДЕО: Во Гевгелија бесплатни прегледи за рак на дојка, во Струмица цела година расипан мамографот

Од утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Сузана Мицева