Регион

Лекари во битката за градоначалници на Струмица – Марјан Бајрактаров наспроти Коста Јаневски

Познати се кандидатите за градоначалници на двете најголеми политички партии во Струмица. На локалните избори на 15 октомври, за функцијата градоначалник на општина Струмица ќе се борат двајца лекари. Вмро Дпмне го кандидира оралниот хирург Марјан Бајрактаров, додека Сдсм најверојатно за свој кандидат ќе го промовира долгогодишниот советник и актуелен пратении, интернистот Коста Јаневски. Партијата Вмро Дпмне пред десетина денови ја потврди кандидатурата на доктор Бајрактаров, додека Сдсм сеуште не излегле со официјална изјава, но нивните членови и функционери, ја споделуваат веста за кандидатурата на Јаневски на социјалните мрежи.

Реакциите на граѓаните на социјалната мрежа Фејзбук исто така одат во крајности. Додека едни се воодушевени од изборот на кандидатите, дрги негодуваат што двајца докажани професионалци од лекарската фела заминуваат во политиката. Вакви реакции беа чести и за парламентарните избори, особено заради тоа што на последните избори двете политички партии имаа лекари на своите пратенички листи од Струмица, а градот се соочува со недостаток на медицински кадар, особено лекари специјалисти.

Препорачуваме:

Средношколци волонтери на Црвен Крст одржа показна вежба за пружање прва помош

Стојне Митева

Советот на општина Гевгелија утре на вонредна седница

Стојне Митева

Пазарот Чешел ќе работи секој ден освен недела

Ване Трајков