Регион

Привршуваат работите во училиштето во Седларци

За десетина дена треба да завршат градежните активности во подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во населеното место Седларци финансирани преку проектот „Заштита на животната средина во прекуграничниот регион Василево- Струмјани за подобрување на енергетската ефикасност. Ова денеска по посетата на објектот,  го најави градоначалниот на Општина Василево, Ванчо Стојанов.

Директорката на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево, Емилија Котева, вели дека се подготвени з апочетокот на учебната година.

Од месната заедница од Седларци велат дека успеале заедно со локалните валсти да реализираат повеќе проекти.

Градоначалникот Стојанов, рече дека со завршувањето на овој објект се заокружува процесот на модернизација на училиштата во Општина Василево.

Средствата  за овој проект во висина од 2.600.000 денари се обезбедени од Програмата  за прекугранична соработка INTERREG –IPA CBC Бугарија –Македонија 2014 – 2020.

 

Препорачуваме:

Младински организации од државата се обучуваат за европска младинска соработка и пристап до европските младински фондови

Ване Трајков

Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом

Стојне Митева

Општината и МЗШВ заедно против дивата сеча во о.Ново Село

Сузана Мицева