Регион

Во Радовиш независен кандидат за Градоначалник и три независни листи за советници !

Само во општина Радовиш се поднесени листи  за собирање потписи за независни кандидати за членови на Советот и градоначалник.  Во останатите општини од југоистокот во трката за советници и освојување на градоначалничкиот мандат ќе биде  единствнео кандидати на политички партии. Според  ДИК во општинската изборна комисија во Радовиш се доставени три листи за советници а подносители се  Игор Петков, Асан Исмаилов и Горан Поцев. Освен за советници во ОИК во Радовиш, листа за собирање на потписи за независен кандидат за градоначалник има доставено Јуре Ѓоргиев

Според предвидениот изборен роковник тие треба до понеделник да ги соберат потребните 150 потписи за да бидат и официјални  незавинси кандидати.

Според канцеларијата на ОИК  од Радовиш, независниот кандидат за градоначалник од група избирачи Јуре Ѓоргиев ги собрал потребните 150 потписи и тој за престојните локални избори може да се пријави во трката за прв човек на Радовиш

Потписите се собрани и за листата за советници предложена од Игор Петков  а на границата да биде исполнет законскиот минимум од 150 потписи се и листите за советници, предложени од Асан Исмаилов и   Горан Поцев

Во ова општина сеуште двете најголеми политички партии владеачката СДСМ и опозиционата ВМРО  ДПМНЕ ги кријат адутите за градоначалничката фотеља но и листите за советници

Препорачуваме:

Попис на пчелните семејства до крај на април

Фрагменти материјална и духовна традиција „светат“ во делата на Запро Запров

Сузана Мицева

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Ване Трајков