Регион

Струмичани повторно ќе го креираат Буџетот на општината – Потпишан меморандум за соработка меѓу О. Струмица и Центарот на заедницата

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Собранието на здружението за локална демократија Центарот на заедницата на О. Струмица – Мими Николиќ, денеска, потпишаа Меморандум за поддршка и соработка помеѓу општина Струмица и здружението за локална демократија Центар на заедницата на О. Струмица.

Целта на потпишувањето на овој Меморандум е реализација на проектната активност „Организирање граѓански буџетски форум во општина Струмица“, а преку која се подига нивото на транспарентност и развојот на локалната демократија во општина Струмица и учеството на граѓаните во градењето на локалните политики и практики.
Двете страни ги договорија своите обврски за успешно спроведување на граѓанскиот буџетски форум кој што ќе се реализира со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Струмица е меѓу првите општини во Република Македонија која ги вклучи граѓаните во креирањето на локалните политики и проекти.

Препорачуваме:

Кампањата „МВР за граѓаните –  заедница, доверба и одговорност“ и во Струмица

Ване Трајков

Видео: Прв училишен ден во ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица

Јордан Плевнеш му го додели признанието Личност на Југоисточна Европа за 2024 година на градоначалникот Костадинов

Ѓ. K.