Спорт

Смртта на момчето од Владевци во сообраќајката во Злеово,го одложи Street Basket турнирот кој ќе заврши во вторник

Смртта на 23 годишното момче од Владевци во сообраќајката кај Злеово и тешките повреди кај друго 19 годишно момче од истото село кое се наоѓа  на скопските клиники се причините заради кои синоќа и вечерва на кошаркарското игралиште во Владевци нема да се одигруваат натпреварите од Street Basket турнирот. Организаторите на овој турнир на својата официјална ФБ страна напишаа дека во вторник ќе бидат одиграни сите заостанати натпревари

,,Поради големата трагедија што се случи во саботните утрински часови во која згасна животот на едно младо момче од Владевци ,Турнирот ќе биде одложен сабота и недела. Вторник 29.08 ке биде последен ден и ке бидат одиграни сите останати натпревари,, стои во известувањето од организаторите

Street Basket турнирот во Владевци се одржува петта година по ред а на истиот беа пријавени 10 екипи кои беа поделени во две групи

Препорачуваме:

Нема казна за Шкендија, ФФМ ја одби жалбата на Академија Пандев

Промотивно видео за Параолимписките игри во Рио – ,, Јас можам,,

Ване Трајков

Академија Пандев ги претстави првите зимски засилувања

Ване Трајков