Спорт

Фото – Младите Астраионци на подготовки во Банско-Бугарија како вистински ракометни професионалци

Кадетите на РК,, Астраион,, од Струмица се наоѓа на неколкудневни подготовки во Банско  Бугарија каде ќе ја темпираат формата за новата првенствена сезона. Станува збор за екипата која лани во пионерскиот шампионат,  обезбеди пласман во плеј офот и го освои четвртото место во дебитантскиот настап во лигите под капа на РФМ

Според информациите во Банско се работи на подигнување на физичката издржливост на момчињата но и усовршување на одредени тактики во ракометатната игра.

Кадетската екипа на ,,Астраион,, подготовките за новата сезона ги започнаа пред една недела со тренинзи во Струмица. По доаѓањето од Бугарија тренинзите продолжуваат во салата Парк а раководството на клубот планира и неколку контролни натпревари.

Тие веќе се пријавија за учество во кадетската лига на Македонија каде отворено најавуваат висок пласман. Освен со кадетскиот состав, Астраион најави учество и во пионерската ракометна лига на Македонија

 

Препорачуваме:

Струмички одбојкарски танц против Азербејџан за прва победа на Македонија

Ване Трајков

ВИДЕО ЗА ,,BELASITSA SKY RUN,,- 450 македонци и бугари ќе трчаат со километри и ќе ја запознаваат убавата Беласица

Четвртфинале за одбојкарките од Видое Подгoрец од Струмица на Светското првенство во Хрватска

Ване Трајков