Спорт

РК Младост – гордост на Богданци ! Ќе застане ли финансиски општината и фирмите зад клубот ?

Само што се вратија во ракометната  елита , Младост од Богданци во неизвесност дали воопшто ќе се натпреварува во Супер ракометата лига на Македонија.  Никој не покажува интерес да застане зад клубот кој лани го освои првото место во Првата ракометна лига на Македонија и обезбеди директен пласман во елитата. Ракометарите од  љубов кон клубот и ракометот, самоиницијативно тренираат и се подготвуваат за новата сезона со желба повторно да се врати ракометниот сјај во Богданци  кој згасна во 2006 а се активираше повторно во 2009.

Младост од Богданци кој во деведесетите беше клуб за респект и се натпреваруваше и во Европските ЕХФ и Челенџ Куп сега е оставен сам да се снаоѓа и да се моли за да плати котизација  и сите давачки за елитното натпреварување

Ова недела треба да се знае дали се обезбедени потребните финансиски средства за што се преговара со повеќе фирми. Но дефинитивно општината и градоначалничката Анастасија Олумчева се на потег да помогнат на клубот кој според познавачите на ракометот во земјава е четврти клуб во земјава по постигнати меѓународни резултати.  Помош во ваква ситуација е потребна и од РФМ

Згора на се , Богданци е секогаш расадник на млади квалитетни и надежни ракометари со кои се гордеела цела Македонија. Инаку од Југоистокот само Радовиш се наоѓа во Суперлигата

 

Препорачуваме:

И годинава во Василево турнир во мал фудбал вреден 200 илјади денари – почна пријавувањето !

Пандев ѝ се обрати на нацијата: Можеби ова се моите последни мечеви…

Ване Трајков

Видео – Каратето е спорт кој ја зацврстува самодовербата, Струмица има потенцијал но фалат средства, вели Спасе Стојанов државен првак