Регион

СДСМ го објави кандидатот за градоначалник во Валандово – ВМРО ДПМНЕ сеуште одлучува

Синоќа на седница на ЦО на СДСМ беа утврдени одредени кандидати за градоначалници на претстојните локални избори 2017. Ова партија за кандидат за градоначалник на  Општина Валандово ги објави Перо Костадинов сегашен член во Советот на општината.  Костадинов има 30 години и завршен економски факултет и еден од силните критичари на работата на локалната власт во изминатиот период. Тој беше еден од најгласните Советот да донесе одлука за распишување референдум против рудници

Засега не се знае кој ќе биде кандидатот на опозиционата ВМРО ДПМНЕ во чии табор кружаат повеќе имиња меѓу кои и името на сегашниот Николче Чурлиновски и поранешниот пратеник Ѓоко Камчев.

 

Препорачуваме:

Засилени контроли во Конско, Хума и во Смрдлива Вода за Нова година

Стојне Митева

Љупче Љачев нов директор на ЈПКД Комуналец Струмица

Ѓ. K.

Заматена е водата од водоводот во општина Василево

Сузана Мицева