Регион

МЗШВ направи авионско снимање на земјишните парцели за полесна контрола кој колку пријавува за субвенции

Министерството за земјоделство изминативе два месеци, по втор пат после 2009-та година, изврши авионско снимање на земјишните парцели во Р. Македонија, согласно Европските регулативи и препораки на Системот за идентификација на земјишни парцели . Со просторната идентификација на земјишни парцели се определуваат границите и големината на обработливата површина за која земјоделците аплицираат за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На овој начин, ќе се овозможат прецизни контроли од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во однос на површините кои земјоделците ги пријавуваат за субвенции и фактичката состојба на терен.

Во рамките на процесот ќе бидат произведени ортофото карти, дигитален модел на теренот на целата држава и ќе биде направена иницијална дигитализација на земјоделските површини според употребата на земјиштето. Новите просторни податоци ќе овозможат ажурирање на промените настанати на земјишните парцели во периодот помеѓу двете снимања. За таа цел, при крајот на тековната и во текот на 2018 година, во Подрачните единици на министерството ќе бидат повикани земјоделските стопанства кај кои е утврдено несовпаѓање помеѓу состојбата на постојната ортофото карта од 2009 година и новата карта од 2017 година од аспект на површината на парцелата или користењето на земјиштето, а со цел корегирање на воочените отстапувања.

 

 

Препорачуваме:

Тешка сообраќајка меѓу три возила изутринава во Струмица, има повредени

Ѓ. K.

Видео – Вечерва во Дојран стартува тридневниот фестивал на риба и вино со добра музика

Над 2000 крводарувања за една година во Струмица.

Стојне Митева