Спорт

Пандевци утре на Младост против Скопје за првата прволигашка победа

Фудбалерите на ,,Академија Пандев,, утре на стадионот Младост во Струмица со почеток во 17 ќе го одиграт вториот меч од прволигашкото натпреварување.  Домакини се на тимот Скопје со што и дефинитивно ќе дебитираат како прволигаши  пред струмичката публика и домашните лубители на фудбалот . По нерешениот исход со Шкупи на гостувањето  пред седум дена кога немаа среќа за да слават, ,,пандевци,,  утре  ја имааат  шасната да ја постигнат и првата прволигашка победа со подршка на публиката.

Инаку во тимот на Академија Пандев пристигнаа две интернационални засилувања кои треба да додадат дополнителен квалитет во составот. Од вчера нови имиња во прволигашот од Струмица се Тревис Боуен и Џулио Грифони.Тревис Боуен е американски напаѓач кој доаѓа од редовите на вториот тим на Лос Анџелес Галакси, додека пак Грифони игра на десната бековска позиција, а во Струмица доаѓа како слободен играч. Последен негов клуб бил Месина.

Новите засилувања нема да може да бидат регистрирани за натпреварот против Скопје кој се игра во недела и се очекува свое деби да имаат против екипата на Шкендија.

Препорачуваме:

Беласица против Скопје за Прва лига

Ване Трајков

Наковски Волеј во КУП финале по победата над Пелистер

Ване Трајков

Круљ: Мојата екипа има сериозен карактер и сериозен потенцијал

Ѓ. K.