Спорт

ВИДЕО: ВО ВЛАДЕВЦИ ПО 5 ПАТ ТУРНИР ВО ”STREET BASKET” СО НАГРАДЕН ФОНД ОД НАД 60 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ!

Започна пријавувањето на екипите кои ова година имаат намера да учествуваат на традиционалниот турнир во улична кошарка, STREET BASKET Владевци 2017. Станува збор за турнир кој се одржува по повод престојниот христијански празник Пресвета Богодорица, На кошаркарскиот терен во Владевци. Пријавувањето на екипите трае до 23 август до 20 часот кога ќе биде и ждребувањето . Според пропозициите котизацијата за учество на секоја екипа изнесува 2 500 денари а секоја екипа треба да брои пет играчи. Турнирот има награден фонд од над 60 000денари. Годинава ќе има и натпревар во реализација на тројки.Најдобриот ,,тројкаш,, ќе добие парична награда од 1500 денари + по 100денари од број на учесници односно над 3000денари. Турнирот ќе започне во Четврток на 24 август, со почеток во 20:00 часот и ќе трае до 27 август односно недела кога ќе се одиграат и финалните натпревари.Турнирот ќе се одржува петта година по ред на осветелениот кошаркарски терен во Владевци а покровител е општина Василево со градоначалникот Ванчо Стојанов.

Подетални информации и пријавување на екипите на официјалната Facebook страница :www.facebook.com/Basket.Vladevci2017 и на 072 244 054 Даниел

Препорачуваме:

Интервју со Кирил Панов – Со упорност и работа ќе стигнам во Барселона, но не сум по шпанките туку по струмичанки

Ване Трајков

Беласица поразена во последната минута кај Шкупи, пандевци ремизираа со Ренова

ФК Беласица славеше против Новаци во Турново

Ѓ. K.