Забава

Викендов по трет пат Гитаријада во Стојаково со многу забава и рок музика

Престојниот викенд во населеното место Стојаково општина Богданци ќе се одржи  третата по ред Гитаријада на која же земаат учество повеќе музички бендови. Станува збор за традиционален настан каде може гитаристите да ги докажуваат своите способности но и умешноста на музичките бендови кои ќе земат учество во сабота и недела. Гитаријадата се организира во центарот на Стојаково со соработка со „Кафе Бар Џик,,

,,Секоја година има присуство на повеќе жанрови од рок музиката. Гитаријадата е за промовирање на нашата Oпштина и на нашето Cело.Гитаријадата се одржува на 19 и 20 август,која првата вечер е YU Rock a втора вечер Hard Rock. На оваа манифестација се собираат луѓе од нашиот регион и гости од соседната држава Грција. Покрај натпреварувачкиот  карактер оваа манифестација има за цел да ги спои луѓето од различни генерации каде што ке можат заедно да уживаат во звуците на домашната и странската рок музика,, кажаа организаторите

Иницијатор и организатор  на ова  манифестација „Гитаријада Стојаково“  е  Роберт Иванџиков  а подршка дадоа Кафе Бар Џик , Транспортни фирми,Општина Богданци, Месната  Заедница на cело Стојаково и други мали претпријатија се дел од оваа манифестација кои донираат средства во различни вредности.

Препорачуваме:

Превентивното земање аспирин може да предизвика здравствени проблеми

Ѓ. K.

Негувателка во зоолошка споделува интересни факти за животните

Петнаесетиот „Астерфест“ под мотото „Движења, патеки“ ќе се одржи онлајн

Сузана Мицева