Регион

Браната Паљурци повторно на минимум, земјоделците без вода

Земјоделците од Богданци повторно без вода. Вентилот за наводнување од браната Паљурци е затворен, бидејќи нивото на акумулацијата пак е на минимум. Земјоделските површини се оставени во немилост откако е сопрен дотурот на вода во Паљрци од изворите кај Ѓавато.

Производителите реагираат дека ќе им се исушат посевите, бидејќи температурите се многу високи.

Истиот проблем Паљурци го имаше и на почетокот на месецот, поради брзото сушење на езерото, во опасност беа доведени не само опстанокот на засадените ниви, туку и биодиверзитетот во езерото.

Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека се запознаени со моменталната состојба со хидросистемот Паљурци во Богданци. Велат дека ќе превземат мерки за брзо решавање на проблемот. Од министерството за животна средина кое управува со системот Ѓавато, информираат дека дотурот на вода во Паљурци е прекинат бидејќи се исполнил минимумот во езерото со којшто е безбеден живиот свет во езерото. Не кажаа дали повторно ќе се пушти вода кон браната, со оглед дека земјоделците немаат за наводнување.

Препорачуваме:

Блаже Шапов нов градоначалник на Богданци

За 5 години ИТ секторот ќе се соочи со недостиг од квалитетен наставен кадар

Стојне Митева

Два смртни случаи и 35 новоинфицирани со Ковид-19

Сузана Мицева