Спорт

Почна поставувањето дополнителни трибини на стадионот Младост во Струмица

Почнаа градежните работи за  изградба на дополнителни трибини на стадионот „Младост“ во Струмица кој треба да биде домаќин на квалификациониот фудбалски дуел Македонија – Албанија во септември . Зад двата гола на стадионот треба да бидат поставен дополнителни трибини за посетители со што ќе биде исполнет минимумот што го препорачува УЕФА

Градежна механизација  веќе го расчистува просторот и го подготвува за поставување на монтажни трибни  според стандардите на УЕФА.

На стадионот Младост настапуваа Вардар во квалификациите за ЛШ, Шкендија и Пелистер, кои ги бранеа боите на нашата земја во квалификациите за ЛЕ.

По се изгледа ќе игра и македонската репрезентација, која би требало да ја пречека Албанија на стадионот во Струмица во квалификациите за Мундијалот наредната година.

 

Препорачуваме:

Младиот струмичанец Никола Секулов 4 години во Јувентус

Ване Трајков

Деветта куп титула за одбојкарите на Струмица Никоб

Ване Трајков

Ексклузивно – Никола Мицев од струмички ,,Ролинг 08,, во унгарски ,,Ујпешт МТ,,

Ване Трајков