Регион

Ловот на прелетен дивеч во Василево стартува на Илинден со дневни дозволи од 200 денари до 50 евра

Ловното Друштво ,,Фазан,, од Василево ги известува сите членови на ловечкото друштво дека ловната сезона 2017/2018 година е на прагот и ќе започне со прелетниот дивеч – односно лов на грлица.

Ловот на грлица ке започне 02.08.2017 година и ке се лови секој ден.

За сите лубители на прелетен дивеч, грлица и голуб ЛД Фазан Василево оваа година посади 100 декари или 10 хектари сончоглед. Ловот на грлица ке се обавува секој ден но со плакање на дневни дозволи, односно освен ловните денови Недела и Државни и Верски празници, за останатите ловни денови членовите на ЛД Фазан мора да плакаат дневна дозвола по 200 денари по член и ловот може да се обавува групно најмалку тројца членови.

За сите членови од други друштва дневната дозвола за лов ке биде 500 денари за целокупната ловна сезона на прелетен дивеч, односно за нив не важи Недела, Државни и Верски Празници.

За ловци надвор од државата за влез во ловиштето ке се наплака 50 евра дневно по лице или 70 евра по лице со целокупен престој, спиење, ручек и вечера.

Чланарината за сите членови на друштвото согласно одлуката на делегатите на годишното собрание одржано на 13 мај оваа година ке изнесува:

4100 денари за лица до 65 години;

2050 денари за лица од 65 години до 70 години;

300 денари за лица над 70 години;

Препорачуваме:

ВИДЕО: Ѓеоргиев од Просениково поднесе нова жалба за одбиената парична помош

Костадинов им го честита Рамазан Бајрам на муслиманските верници

Сузана Мицева

Партијата за Движење на Турците во Радовиш го напуштија мнозинството

Ване Трајков